Доријан Греј, човекот кој ја продаде душата за вечна младост

0

Доријан Греј, еден од најпознатите ликови раскажани во книга. Карактер кој предизвикува интерес, има мистерија и многу приказни вткаени во неговиот израз, а најголемата и најзатрашувачка приказна е неговата – тој си ја продава душата во замена за вечна младост.

Сте посакале некогаш да се најдете на неговото место, барем за момент додека сте ја читале книгата?

Иако е фиктивен лик, има многу реални особини кои се пресликуваат кај секој од нас.

Доријан Греј е човек кој на прво место ја става надворешната убавина, таа за него е најважна оти е првиот впечаток кој секој од нас го остава. Тој решава дека сака да биде вечно млад. Решен е да се откаже од сите секојдневни работи кои го карактеризираат обичниот човек, го прават чувствителен и достапен за да остане вечно млад.

Му се исполнува најголемиот сон, но не доаѓа без последици бидејќи сè во животот има своја цена.

Неговото лице навистина ќе остане засекогаш младо, но секоја негова постапка, секој нов момент од животот, секоја грешка ќе се бележи на еден скриен портрет. Тоа ќе биде приказ за човекот во кој се претворил, таму ќе живеат гревовите и лошите работи кои ќе ги направи, тоа ќе биде потсетник за чудовиштето во кое Доријан Греј се претворил.

Нарцизмот е тоа кое му го уништува животот на еден млад човек, а писателот, Оскар Вајлд маестрално го доловува секој момент од книгата. Ова е роман кој ја покажува суровата страна на животот, желбата на човекот да остане вечно млад.

Доријан Греј е потсетник на сето она со кое секој од нас се бори секојдневно, некој успева да извојува победа некој не. На крајот од денот, без разлика колку и да го ‘шминкаме’ нашето лице, колку и тоа да изгледa младо, душата ги носи белезите и горчината на личноста во која сме се претвориле.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот