“Дон Џовани” вечерва на репертoарот на МОБ

0

Вечерва со почеток во 20 часот во Македонската опера и балет ќе биде поставена операта „Дон Џовани“. Станува збор за опера во два чина со музика од Волфганг Амадеус Моцарт и италијанското либрето на Лоренцо Да Понте која се базира на легендите за Дон Жуан, измислен развратник и заводник.

Диригент ќе биде Иван Еминовиќ. Режијата е на Лев Пуљиезе од Италија, сценографијата  е на Марија Ветероска, костимографијата на Марија Пупучевска, а кореограф е Oлга Панго.

Вечерва во главните улоги ќе можете да ги видите Небојша Бабиќ од Србија како Дон Џовани, Владимир Саздовски- Лепорело, Борко Биџовски – Комендаторе, Дешира Ахмети Карлиу – Дона Ана, Благој Нацоски – Дон Отавио, Хуи Тиан од Кина како Дона Елвира, Николина Јаневска – Церлина и Драган Ампов како Мазето.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот