Домот во сино

0

Размислувате за преуредување на домот. Идеи имате многу, ама никако не успевате да се решите за една што ќе ги задоволи вкусовите на сите домашни. Овој пат, ви нудиме идеја за да го уредите домот во сино.

Сими можат да бидат ѕидовите на просториите во коишто ќе го поминувате најголемиот дел од денот, но наместо боја, ви препорачуваме да ставите тапети – лесно се нанесуваат, по една сезона можете да ги извадите, а нивните шари секако ќе го „разбудат“ просторот што го уредувате.

При декорирањето многу се важни и деталите. Затоа одберете сини завеси за прозoрците, син тапацир за столчињата или креветите, сини перничиња, вазни, ќебиња, слики за ѕидовите на кои ќе доминира сината боја.

Исклучително е важно е да не  се задржите само на една нијанса, туку да комбинирате, посветли и потемни бои, бидејќи тоа ќе му даде и „длабочина“ на просторот.

Во оваа боја можете да ја декорирате буквално секоја соба од домот, без разлика дали е во прашање спалната соба, детската или тоалетот, а во истиот тој стил можете да ги уредите и дворот и терасата.

Можностите се неограничени, само треба да ѝ се препуштите на фантазијата.

andrew-howard-dining-room andrew-howard-kitchen andrew-howard-bathroom andrew-howard-master-bedroom gallery-andrew-howard-blue-bedroom-1 andrew-howard-kids-bedroom andrew-howard-porch

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.