Домашни Баунти чоколади

0

Доколку оваа вечер ја поминувате дома, засукајте ги ракавите и направете ептен сладок десерт кој ќе посакате да го правите секој ден.

Состојки

За ПОЛНЕЊЕТО ќе ви треба:

85 гр. шеќер

50 гр. путер

200 гр. слатка павлака

200 гр. кокосово брашно

2 кесички ванилин шеќер

За ПРЕЛИВ ќе ви треба:

100 гр. црно чоколадо

80 гр. млечно чоколадо

Подготовка

Чекор 1: Во садот за сос загрејте ја слатката павлака. Додадете ги шеќерот и путерот. Мешајте додека не се растопи шеќерот. Додадете го кокосот и ванилиниот шеќер и убаво промешајте.

Чекор 2: Смесата ставете ја на даска, завиткајте ја во фолија и измазнете ја со сукало. Смесата треба да е со дебелина од 2 сантиметри. Оставете ја во фрижидер да се стегне. Потоа исечете ја на правоаголници.

Чекор 3: Во сад на оган растопете го чоколадото и премачкајте ги со четка сите коцки.

Чекор 4: Сервирајте!

СОВЕТ: Преливот може да го направите со чоколадо по желба, но препорачуваме да ставите црно чоколадо, за подобро да се стегне.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар