Домашен тоник за отстранување на шминка

0

Будењето со шминка на лице не е добро за кожата, поради што стручните лица советуваат дека најдобро е да се користи тоник од природни состојки за отстранување истата.

Со чистењето на лицето пред спиење кожата се одмара и се ревитализира од бактериите кои се налепувале на неа во текот на денот, а воедно и од непотребните хемикалии кои ја сушат кожата.
Имајте на ум дека и во тоникот за отстранување на шминката кој го купаваме, има неприродни состојки кои исто така влијаат за намалување на сјајот на кожата.

Според тоа водејќи се по изреката „природно си е природно“, споделуваме одличен домашен рецепт за тоник што може да го подготвите и дома за само 30 минути, а при тоа да ја зачувате свежината на вашата кожа.

Потребни состојки:

Екстракт од хамамелис: екстрактот од хамамелис е органски и помага за зацврстување на порите и за отстанување на вишокот на масност што кожата природно ја лачи.

Вода: најдобро е да користите дестилирана вода за овој рецепт, бидејќи водата од чешма содржи бактерии или минерали кои може да  влијаат на здравиот изглед на вашата кожа.

Бадемово масло: бадемовото масло покрај тоа што ја заштитува кожата од штетните УВ зраци на сонцето, бадемовото масло е етерично и потребно е за ревитализација на кожата.
zenski-magazin-beauty-napravite-domaci-odstranjivac-sminke-1 (4)

Рецепт за тоник за отстранување на шминката:

Земете мала чинија и додадете 3 лажици од секоја состојка. Помешајте го екстрактот од хамамелис, дестилираната вода и бадемовото масло. Направите убава мешавина.
Потоа ставете памук во стаклена флаша или тегла. Сипувајте од течноста или смесата на памукот. Памукот нека ја упие течноста и по 15 минути може да го користите природниот тоник за отстанување на шминката.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот