Дом со стил – елеганција во боја на слонова коска

0

Бојата на слонова коска се смета за една од елегантните нијанси на бела кои се секогаш полн погодок ако сакате да преуредувате во домот.

Неутрална и мека, но не целосно бела, туку има примеси на земјени тонови. Може да трпи сјајни површини, а делува смирувачки во ентереиерот заради нејзината неутралност. Ги има карактеристиките на белата боја како што со чистината, јасноста, мекоста, но во однос на неа, бојата на слонова коска е многу побогата и потопла.

14182419_10210966048935044_1966644096_n

Оваа боја долго време се користела само за накит, мебел и декорација. Денес ја има буквално во секој сегмент од животот. Инаку, интересно е тоа што традицијата на светско ниво налага за 40 годишнина од брак да се подари нешто од слонова коска, додека бисери во оваа нијанса се подаруваат за 30 годишнина од брак.

14194273_10210966049015046_362311705_n

Оваа боја има смирувачки ефект и дозирана елеганција. Боите со кои може да се комбинира се бледо зелена боја на трева, светли тонови на нијанса од праска и светло кафени тонови.

14218572_10210966048895043_1947308373_n

Препорачлива за уредување на ентериерот, доколку сакате домот да има елегантен шарм и смирувачко дејство.

14193653_10210966049135049_347725406_n

14191597_10210966049175050_1603380821_o

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.