Докажано: мажите не претеруваат кога се болни

0

Жените често знаат да помислат  дека нивниот партнер претерува кога е болен од грип, бидејќи не знае да се носи со болеста. Но, зад оваа констaтација постои објаснување. Имено, научниците од Уневрзитетот Џон Хопкинс утврдиле дека женскиот хормон естроген служи и како природен штит од вируси како грипот типот А. Заради тоа, кај жените симптомите се јавуваат во помала сила, а кај мажите ефектот е помоќен. Ова откритие отвора можности за развој на напредна терапија темелена на естрогенот која ќе овозоможи побрзо оздравување од грипот.

flu-sufferer-2013-0924_medium

Инаку, кога сме во сезона на грип, не е на одмет да ве предупредиме да внимавате на здравјето во овој период и да најдете начин да се заштитите:

  • Пробајте да се наспиете
  • Избегнувајте места кои се преполни со луѓе
  • Избегнувајте алкохол
  • Јадете риба и храна богата со цинк
  • Вежбајте колку што можете почесто
  • Земајте витамини
  • Секој ден проветрувајте ја просторијата каде престојувате
  • Чајот засладете го со мед
  • Користете ѓумбир во исхраната

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.