Доењето согорува 500 калории дневно

0

Прво нешто со кое мајките се соочуваат после породувањето е токму доењето.

Новороденчето кое првиот час од своето раѓање го поминува во рацете на неговата мајка, најверојатно ќе почне само, инстиктивно да ја бара нејзината дојка.

Но, можеби не сте знаеле дека со доење, дневно се губат околу 500 калории. Освен тоа, доењето троши околу 25 проценти од телесната енергијата, додека мозокот за секојдневниете активности троши околу 20 проценти. Без разлика на тоа дали мајката е левак или деснак, најверојатно е дека десната дојка содржи повеќе млеко отколку левата – така е кај две третини од мајките.

Млекото не излегува само низ брадавиците, туку и низ порите околу нив, кои се во бројка од 10 -20 распоредини околу брадавиците.

Во процесот на доење се произведува хормон окситоцин кој ја опушта и мајката и бебето, а вкусот на млекото зависи од исхраната на мајката.

Исто така истражувањата покажуваат дека детето, подоцна во неговиот развој е отворено кон пробување на одредени намирници доколку мајката ги консумирала за време на процесот на доење.

Покрај тоа, интересно е дека млекото се менува во зависност од потребите на детето. Најпрво се произведува помалку леплива и жолтеникаво-бела супстанција богата со протеини. Неколку дена подоцна, млекото станува воденикаво и може да биде во светло сина боја, а подоцна станува помасно, покремасто со цел детето да зајакне.

Количината на млеко која ја произведува мајката нема врска со големината на нејзините гради.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот