Доделени МТV Европските музички награди за 2016 година

0

Вчеравечер во Ротердам, Холандија, беа доделени MTV Европските музички награди (ЕМА). А шоуто беше неверојатно. Успеавме да погледнеме дел од спектаклот што се одвиваше таму, а го водеше сè популарната пејачка Бебе Реџа.

Со најголем број номинации оваа година беа Бијонсе и Џастин Бибер (по пет), но не заостануваа ни Адел, Колдплеј, Шон Мендес и Лукас Греам, кои имаа по четири номинации. Сепак, кој си замина дома со награди?

Најдобра песна – Justin Bieber – „Sorry“

Најдобро видео – The Weeknd (ft. Daft Punk) – „Starboy“

Најдобар женски изведувач – Lady Gaga

Најдобар машки изведувач – Shawn Mendes

Најдобро ново име – Zara Larsson

Најдобар поп – Fifth Harmony

Најдобар електронски изведувач – Martin Garrix

Најдобар рок – Coldplay

Најдобар алтернативен бенд – Twenty One Pilots

Најдобар хип хоп – Drake

Најдобри настапи во живо – Twenty One Pilots

Најголеми фанови – Justin Bieber

Најдобар имиџ – Lady Gaga

Глобална икона – Green Day

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.