Доделени “БРИТ” наградите во Лондон

0

Вчера се одржаа Британските музички награди каде Адел се покажа како најуспешна во изминатата година и беше наградена со дури 4 Брит награди. Честа да ја отворат церемонијата им припадна на Coldplay, кои имаа одличен настап за синглот Hymn For The Weekend, свирејќи на две различни сцени во лондонската О2 арена. На настанот исто така му беше оддена чест на Дејвид Боуви, кој почина минатиот месец, а за него зборуваа  Annie Lennox и неговиот долгогодишен пријател  Gary Oldman.Емотивен говор кој не остави никого рамнодушен.

Еве ја продолжение комплетната листа на добитници:

Британски машки соло артист – JAMES BAY

Вритански женски соло артистADELE

Најдобра британска група COLDPLAY

Најдобра британска нова група CATFISH AND THE BOTTLEMEN

Британски продуцент на годината CHARLIE ANDREW

Бритнаски сингл ADELE – ‘HELLO’

Албум на годината ADELE – 25

Најдобро видео ONE DIRECTION – ‘DRAG ME DOWN’

Интернационален машки соло изведувач JUSTIN BIEBER

Интернационален женски соло изведувач BJÖRK

Iинтернационална групаTAME IMPALA

Избор на публикатаJACK GARRATT

Глобален успех ADELE

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.