„Добро е да се плашите. Тоа значи дека се уште имате што да изгубите.“ -Вовед во анатомија

0

Веќе 14 години сме дел од неверојатната приказна на Мередит Греј и нејзините колеги.

Во секоја следна епизода, гледаме како ликовите од „Вовед во анатомија“ растат, професионално и емоционално се збогатуваат и надоградуваат, пренесувајќи им на гледачите моќни животни лекции, кои секој може да ги примени.

Одвоивме неколку највпечатливи цитати, во кои веруваме дека секој од вас ќе се пронајде…

„Поседувај оган. Биди несопирлив. Биди сила на природата. Биди подобар од сите овде и не грижи се што мислат другите. Ти си препуштен сам на себе.“

„Во животот постои точка што кога ја достигнуваме се чувствуваме уморни од борење. Па, се откажуваме. Тогаш почнува вистинската работа. Да се пронајде надеж онаму каде изгледа дека нема ни ронка од неа.“

„Ако сакате некого, кажете му. Дури ако се плашите дека тоа не е вистинската работа. Дури ако се плашите дека тоа може да предизвика проблеми. Дури ако се плашите дека тоа ќе го изгори вашиот живот до темел. Кажете го, и тоа гласно. Започнете од таму.“

„Добро е да се плашите. Тоа значи дека се уште имате што да изгубите.“

Вовед во анатомија

„Те молам, не посегнувај по мене, освен ако не си подготвен да ме дофатиш.“

„Промени. Не ни се допаѓаат, им се плашиме, но не можеме да ги спречиме да дојдат. Нашиот избор е или да се адаптираме на нив или да ги оставиме зад нас. Да, процесот на растење боли, секој што ќе ви каже дека не е така – ве лаже. Но, еве ја вистината: понекогаш, промената е добра. Понекогаш, промената е се.“

„Секогаш се чувствуваме дека на светот постои само една личност која можеме да ја сакаме. Потоа доаѓа следната и изгледа лудо како воопшто сме биле и загрижени.“

„Ако сакате да не ви се случуваат повеќе лоши работи, тогаш престанете да прифаќате лоши работи и почнете да барате повеќе.“

„Ти беше како свеж воздух. Како да се давев, а ти ме спаси.“

„Вистината за зависностите е дека тие никогаш не завршуваат добро, бидејќи што и да е тоа што ве зашеметува и крева до небо, на крајот престанува да биде толку добро и почнува да боли. Сепак, велат дека не се престанува со навиката додека не го допреш дното, но кога би знаеле дека сте стигнале таму? Бидејќи без разлика колку лошо тоа не повредува, понекогаш оставајќи го тоа не боли уште повеќе.“

„Немој да ми кажуваш дека сум убава. Јас сум брилијантна. Ако сакаш да ми удоволиш, пофали го мојот мозок.“

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар