Добрите манири секогаш се во мода

0

Добрите манири и културното однесување никогаш не излегуваат од мода. Она што не прави попривлечни и повеќе посакувани е доброто однесување. Постојат неколку правила за модерен бонтон, кои секој човек во 21 век веќе би требало да ги знае. Сепак, повторување никогаш не е на одмет.

  1. Никогаш не оди на гости некаде без да се најавиш

Комодитетот на луѓето е неприкосновено право кое не смее да биде нарушено. Колку и да се се чувствуваме блиски со пријателите, мора да имаме почитување кон нивните животни навики. Ви се случува и вам да имате напорен ден и се што сакате на крајот е да ги облечете омилените пижами и да уживате во мирот. Така и пријателите. Ако посакате да ги видите, прво побарајте ги на телефон и проверете дали се расположени за гости во својот дом.

  1. Чадорот никогаш не го оставајте отворен

Едно од правилата на кое можеби никогаш не сте помислиле, е да го затворите чадорот штом влезете во просторија. Можеби побрзо ќе се исуши ако го оставите некаде на крајот на собата, но тоа, не е културно.

  1. Никогаш не влегувајте во собата на вашите деца без претходно да тропнете на вратата

Доколку сакате и тие да го прават истото, кога влегуваат во вашата спална, дајте им пример.

  1. На жените им е дозволено да носат шапка и ракавици во затворен простор

Доколку тоа е дел од гардеробата, на жените им е дозволено ова правило.

  1. Бројот на модни детали не смее да биде преголем

Дозволено е да се стави нараквица врз ракавици, но не и прстен.

  1. Кога договарате излегување во ресторан, “Те поканувам“, значи “јас плаќам“.

Кога жена поканува бизнис соработник во ресторан, тогаш таа ја плаќа сметката. Кога некој дава предлог “Ајде да одиме во ресторан“, тогаш тоа значи дека секој плаќа за себе.

  1. Во лифт, најблиску до вратата стои оној кој прв излегува.
  2. Најпрестижното место на седење во автомобил е веднаш позади возачот.

И тоа е наменето за жените. Мажот седнува до неа, а кога излегува од автомобилот, тој ја отвара вратата со едната рака, а другата ја пружа кон жената. Иако, во бизнис сферата, при патување најчесто се оди под слоганот “Во бизнисот нема мажи и жени“.

  1. За лоши манири се смета информирањето дека сте на диета

Кога одбивате храна која домаќините ја подготвиле за вас, се смета за некултурно одбивање на нивниот труд.

  1. Не разговарајте за: политика, религија, здравје, пари.

Некултурни прашања од типот: Од каде ви е фустанот? Колку пари го купивте тоа?, избегнувајте и одговорете со: Тоа е подарок. Променете ја темата на разговор, низ објаснување дека не сакате да разговарате на тие теми.

  1. Разговарање за луѓе во нивно отсуство, никогаш не е дозволено

Без разлика дали се работи за убави теми или класично “оговарање“, немојте да зборувате за други луѓе кои не се во ваше присуство…

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.