ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО LEVI’S КЛУБОТ

0

Во Levi’s ја славиме секоја индивидуа како дел од колективот, дел кој придонесува секојдневието да биде разновидно и специфично. Клубот на Levi’s почнувајќи од оваа сезона ќе ги вклучи и купувачите од Македонија со отворањето на новата моно бренд продавница во Skopje City Mall, приземје. Продавницата која се протега на површина од 130 м2 ќе ги нуди најновите машки и женски колекции на облека, чевли и модни додатоци на брендот.

На свеченото отворање кое се одржа на 03.09, гостите имаа можност да уживаат во автентична „џинс“ атмосфера, во електронските звуци на диџејот Филип Стефановски и имаа можност да ги персонализираат тексас парчињата во специјализираниот „Tailor Shop“ кој беше поддржан од студентите на Европски Универзитет – Јасмина Тодоровска и Христијан Младеновски.

Брендот Levi’s e eпитом на американскиот класичен стил и релаксирана мода. Од нивното создавање во 1873 година од страна на Levi Strauss & Co., фармерките Levi’s стануваат едно од најпрепознатливите парчиња облека во светот, стекнувајќи ја лојалноста на купувачите низ многу генерации. Денес портфолиото на брендот продолжува да се развива со водечка иновативност во индустријата за облека. Levi’s е присутен во повеќе од 110 земји, озовможувајќи им на луѓето околу светот да го изразат својот личен стил.

За есен/зима 2018 инспирацијата  за колекцијата на Levi’s доаѓа од Social Club, групација на бунтовници, специфични личности, поразлични од останатите, личности кои нè учат на поинаков начин на размислување. И колекцијата на Levi’s претставува микс од различности: модата од 90-тите, влијанието на Источниот и Западниот брег, светли бои, спортски дезени, и сето тоа сплотено во добро препознатливата тексас класика.

Дел од моделите за новата сезона на брендот ги претставува познатата манекенка Лили Алдриџ, која е соработник на Levi’s веќе неколку сезони. Нови изненадувања за интересни соработки следуваат, затоа следете го Levi’s и бидете дел од овој легендарен клуб.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

 

Остави коментар