До мојата самохрана мајка, еве што сакав да ти кажам со години

0

Дајан Лејбрин, е жена која преку писмо објавено на lifehack.org сака јавно да и се заблагодари на сопствената мајка, да и каже дека конечно го сфатила нејзниниот труд кој го вложувала со години и љубовта која несебично ја споделувала со неа.

“Кога имав шест години, мојата најдобра другарка ме покани да преспијам кај неа. Jас направив проблем бидејќи омилените пижами ми беа во корпата за нечисти алишта, а машината переше. Ти го запре целиот процес, ги стави пижамите, се испраа, ги исуши ги земав вечерта за спиење. Некои ќе речат дека ме разгалуваше, но јас знам дека тебе ти беше важно јас да бидам среќна во тој момент.

Кога разводот беше финален, ние моравме да се преселиме. Иако бевме само неколку блокови подалеку преселени, ти за да ми покажеш дека нема голема промена и разлика иако ја сменивме локацијата, секој ден ме шеташе до старато место за живеење за да ме навикнеш да идејата.

Никогаш не сфатив дека ти беше исцрпена најголем дел од времетоОдеше на работа секој ден. Доаѓаше дома, ми ги готвеше омилените јадења. Седеше со мене додека ја пишував домашната. Ми пакуваше храна за на училиште и со сите обврски успеа да најдеш време да се вратиш на образованието, да ја земеш Мастер дипломата, да учиш навечер додека јас спиев и додека бев кај тато, за да не земаш од времето кое беше само за нас во текот на денот.

Секогаш кога беше време за спиење, ти знаеше тоа да го направиш посебен моментСекоја вечер приказните беа прочитани, ми создаваше нов свет, а којзнае колку работа имаше после моето заспивање.

Кај тато бев секој викенд. Можам само да замислам што се си правела тие викенди кога си била сама.Кога ќе се вратев куќата беше во совршен ред. Чиста, миризлива, моите алишта испрани и испеглани, сè подготвено и наместено. Никогаш не ми текна да се прашам како успеваше, но сега знам.

Како што растев, станував поодговорна за себе и постапките, но тоа сепак не ја намалуваше твојата одговорност, само менуваше форма. Најчесто моето друштво се собираше кај нас дома. Ти се грижеше да имаме доволно храна, сокови, секогаш не возеше каде што требаше да одиме, ни готвеше ако сакавме. Ти беше мајка која знаеше да ме вози и по 60 километри за да ме однесе на концерт.Сигурно не било лесно да се живее со тинејџер како мене. Секогаш кога ми беше тешко го истурав бесот на тебе.

Секогаш знаеше да ми покажеш дека си свесна за грешката што сум ја направила – но не со викање, туку со преземање соодветни чекори, објаснувајќи ми што ќе се случи ако ја повторам уште еднаш.

Еве за што се работи мамо. Ти никогаш не беше човек што се откажува, не го направи тоа ниту еднаш. Кога парите ни беа при крај, ти секогаш наоѓаше начин да излеземе на крај. Веројатно кога немаше начин да одиш еден чекор понатаму, ти сепак продолжуваше. И ме научи мене на истите работи.”

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.