Џенифер Анистон: “Бикини ќе носам и на 80 години”

0

Џенифер Анистон ужива во брачната среќа со својот партнер, но сепак постојано вежба и се храни здраво и не се запоставува себе си и својот изглед. Затоа не треба да не чуди тоа што таа е убедена дека и на 80 годишна возраст ќе носи бикини, не срамејќи се од годините и од своето тело.

Ѕвездата на ТВ серијата “Пријатели” открива како ја одржува својата витка линија, што сака да јаде и колку вежба, а се чини дека не планира да го успори овој напорен ритам.

1377889187_jennifer-aniston-bikini-body-zoom

“Дали јас можам да бидам првата 80 годишна баба која ќе изгледа одлично во бикини? –  го прифаќам предизвикот”  и на тоа додава дека никој во животот не треба да се откаже од нешто поради годините. Секој период од животот носи свои убавини, треба да научите да живеете, да го сакате своето тело и да се сакате себе си, без разлика колку години имате.
46 годишната холивудска убавица, нагласува дека за неиздржан го смета коментарот дека некој треба да се облекува во согласност со годините. Секој треба да се облекува како што се чувствува. Нема гардероба за стари и млади. Најважно е како го носите тоа што сте го облекле и како се чувствувате, така и другите ќе ве прифатат.

Џенифер открива дека не е секогаш лесно да ја задржи мотивацијата за вежбање: “Вежбам во текот на целата година без разлика на годишното време. Работам со таков интензитет, да понекогаш можам да си дозволам да се опуштам и да си дозволам уживање на самата себе си со одлична храна и добро да се чувствувам. Дека е секогаш лесно, не е, посебно кога е зима. Но, сепак кога ќе заврши тренингот, се чувствувам одлично”.

jennifer-aniston-660

Нејзиниот личен тренер Kathy Kaehler истакнува дека решението за добар изглед не е во исцрпувачките диети, туку во здравата исхрана, вежбање и умереност. Таа соработувала со некои други Холивудски ѕвезди како Julijа Roberts, Michelle Pfeiffer и Claudije Schiffer. Тајната на Џенифер е во  умереноста, многу е дисциплинирана и никогаш нема да изеде цела кутија вкусни колачиња, туку ќе се одлучи за некоја здрава варијанта, парче овошје или интегрален кекс.

Здравиот начин на живот, редовната физичка активност и здравата балансирана храна  ќе направи да се чувствувате секогаш задоволни од својот изглед, без разлика на годините!

12583766_10153472031289151_548254796_n

12576059_10153472031294151_916711806_n

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.