Дизни откриваат – Снежана има сестра

0

Дизни најави почеток на нова ера. Анимираните филмски класици одлучи да ги претвори во долгометражни играни филмови. Значи наскоро ќе пристигне, “Убавицата и ѕверот”, филм кој се очекува следната година во театрите, а во процес е и “Малата сирена”.

Сепак, уште еден новитет кој ќе го гледаме е познатата “Снежана”, чија прва филмска постановка ја доживеа во 1937 година, но овој пат сценариото нема да се фокусира на неа, туку нејзината сестра Роуз Ред. Со тоа Дизни открија долго чувана тајна, односно дека Снежана има сестра. Познатите браќа Грим напишале две, не толку многу поврзани приказни, онаа што ја знаеме за Снежана, но исто така и онаа помалку познатата во врска со нејзината сестра.

Новиот филм ќе се базира целосно во согласност со претходно споменатите ликови во приказната, но ќе доминира протагонистката Роуз Ред. Оваа информација не е изненадувачка, но факт е дека ова ќе биде вистински пресврт на легендарната приказна.

Познато е дека сценариото е на Џастин Мерц, а потоа дополнително усовршено од Еван Доерти, кој веќе замеша прсти во филмот “Снежана и ловецот” од 2012 година. Засега се познати само овие детели, но очекувањата уште сега се доста големи.

2a537898f8afd6e006008c518bf81a53

 

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот