Дизајнерот на најпосакуваните чевли, Кристијан Лубутин

0

Роден во Франција во 1963 година, Кристијан Лубутин почнал да сонува за дизајнирање на фантастични чевли со негов потпис уште додека бил тинејџер. На 16 години бил истеран од училиште, за две години подоцна почнал да работи кај тогаш познатиот дизајнер на чевли, Чарлс Џордан.

l1

Во раните 90ти, Лубутин ја лансирал својата прва колекција на чевли за жени, а во 93-тата ја додал познатата црвена основа која со текот на годините стана негов заштитен знак. Во 2003 година, тој ја прошири својата работа на дизајнирање чанти, а во 2011 година за првпат ја дизајнираше Лубутин линија на чевли за мажи. Низ годините, креаторот продолжи да ниже успеси од сезона во сезона.

Тој од неговите од прекрасни чевли направи успешна интернационална приказна. Според податоци кои ги има објавено весникот The New Yorker,Лубутин секоја година продава повеќе од 500 000 чевли, а нивната цена се движи од 400 до 6000 долари. Има продавници насекаде низ светот, а седиштето се наоѓа во Париз.

l2

Напорно работи и да го одбрани својот производ од копии на други фирми, а во тоа име ја тужеше и компанијата Yves Saint Laurent која се обиде бесправно да го искористи заштитниот знак на Лубутин чевлите, нивната црвена подлога.

Во продолжение да се потсетиме убавината на Лубутин чевлите.

l3 l4

louboutin Everyones-Wearing-Christian-Louboutin-Pivichic-pumps

Christian Louboutin Doesn’t Think About Comfort When Designing_1

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот