Дизајнерката Мила Кадриу со нова колекција и ново ателје

0

Скопје (06.05.2016) – Со новата колекција наречена „Girls night out“ за пролет-лето 2016 година, дизајнерката Мила вчеравечер го отвори нејзиното новото ателје во скопската населба Карпош 3.

Могубројните новинари, личности од јавниот живот и редовните клиенти на „MCouture by Mila Kadriu“ во новиот креативен простор имаа можност да видат вкупно петнаесет креации.

Колекцијата „Girls night out” е посветена на ноќниот живот. Ја создадовме за сите урбани девојки кои во своите вечерни излегувања сакаат да внесат гламур но и едноставност во облеката која ја носат. Низ колекцијата доминираат златната, белата и темно сината боја надополнети со бели, бледо розеви и црни детали. Чипката и кожените детали се провлекуваат низ дизајнот на геометриските форми“, вели за својата нова колекција Кадриу.

13149838_1190769514289103_967073538_n

За шминката на манекенките се погрижи Зоран Шурбевски со тим на мејкап апртисти додека за фризурите беа задолжени Војкан Андреевски од студиото за убавина „Fashion VA“ и „Studio Mio“.

13180944_1190769584289096_1154309649_n

Посетителите уживаа во коктелите на „Moet и вотката „Belvedere“ а за декорација на ателјето се погрижи „Касаментоорганизирање на свечености“.

На отворањето беше презентиран и најновиот официјален каталог-сублимат од последното тринаесетто издание на Моден викенд Скопје, сезона пролет-лето 2016 година.

13140962_1190770157622372_1213997613_n

Новоиот моден салон „MCouture by Mila Kadriu“ се наоѓа на булеварот „Партизански одреди“ бр.102 1-2/6 (во зградата до бензинската пумпа „Окта“).

13183213_1190769277622460_1133626574_n