Дива – едиторијал инспириран од последната колекција на Росица Мршиќ!

0

Тимот на блогот MissUrbanVibe изработи моден едиторијал инспириран од последната колекција на Росица Мршиќ – Дива, посветена на модерните жени со истенчен вкус кои точно знаат како да ги истакнат своите квалитети преку начинот на облекување.

Едиторијалот е инспириран од холивудските диви од  50тите и 60тите години на минатиот век, претставен во модерно време.

Kако пример за луксуз и елеганција, идејата е поттикната од насловната страна на Diane Kruger за магазинот Dujour, a најсоодветна локација за да се реализира целата слика беше терасата на ресторанот Loft.

Привлечно, филмски и заводливо!

Шминката од MAC беше главен детал за да се долови гламурозниот изглед.

Kристално чисто лице, нагласени очи и усни во боја на шеќер, како што и доликува на една филмска дива од стариот добар Холивуд.

Kако и секоја Дива, неизбежниот дизајнерски накит, овојпат од брендот Roberto Bravo, за да се заокружи целата приказна.

Росица Мршиќ оваа година слави 8 години од постоењето на нејзиното модно студио, па овој едиторијал беше и прослава за нејзиното долгогодишно постоење на македонската модна сцена, како и дел од долгогодишната соработка со MissUrbanVibe.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот