Dior Lip Glow – производ кој ги промени нашите навики

0

Ревитализирачки балсам и ѕвезда во бекстејџ, производ кој ги промени нашите навики.

Во 2009 година од страната на Dior беше креиран првиот балсам за ревитализација на усните – Dior Lip Glow. Питер Филипс, креативниот директор на Dior Make-up, изјави:

„Тоа е балм кој има малку боја комбинирана со убавото чувство кое го носи балсамот за усни.“

Овој неопходен тониран балсам стана must-have за моделите, причина заради која е есенцијален производ на мајкап артистите на Dior кои работат зад сцената. Тоа е место каде што се случува посебна креатива, место каде што модата и убавината се спојуваат во една хаотична атмосфера пред почетокот на модната ревија.

“Dior Lip Glow е балсам, но е и многу повеќе од тоа. Стана важен дел од рутината на секоја жена, бидејќи е фантастична комбинација на skincare и make up производи. За да го нанесете, нема да ви биде потребно огледало“ – вели Питер Филипс.

Неговата тајна лежи во тоа совршениот баланс помеѓу make up и skincare својствата, како и познатата Color Reviver технологија која овозможува формулата на производот да реагира на pH вредноста на усните и на тој начин да ги ослободи активните состојки кои на усните им ја даваат природната розева боја. Составот на овој производ е обогатен со путер од манго кој дава чувство на удобност и ги хидрира усните 24 часа во континуитет.

Lip Glow стана must have за сите кои сакаат убави усни што изгледаат совршено природно. Од 2009 година, овој прозвод е постојано во нашите чанти и секои 3 секунди се продава по еден на светско ниво.

Свежи и нови нијанси

Денес, семејството на Dior Lip Glow открива нови аспекти со свежи и пријатни нови нијанси, но пред сè, нови дефиниции како одговор на сè она што го сакаат жените.

“Десетте нови нијанси во колекцијата Dior Lip Glow обезбедуваат градација на бои во една палета на розево во согласност на секој тон на кожа” – вели Питер Филипс.

Во однос на двете нови Glow нијанси, Raspberry и Ultra Pink, Dior открива двa нови финиши: Matte Glow, првиот мек мат мелем од Dior и Holo Glow, балсам на сјајна текстура кој е во тренд денес.

„Создавајќи ја формулата во лабораторијата, откривме дека можеме да креираме Lip Glow со мат финиш. Тоа е тониран мелем со заматен ефект кој ги подобрува усните без ефект на шминка“ – вели Филипс.

Тоа е формула која има потхранувачки својства збогатени со путер од манго и масло од брусница. Ја задржува технологијата на обновување на усните и дава розев ефект. Како бонус, новиот кадифен мат финиш на Dior дава и транспарентна боја. Лесно се нанесува и изгледа природно.

Питер Филипс создаде две нови розеви нијанси кои одговараат на сечија боја на кожа.

Matte Pink, мека мат варијација на познатата Pink нијанса и Matte Raspberry, впечатлива розева нијанса.

Holo Glow нијансата има ефект на сатен и повеќе се забележува поради формулата што рефлектира поинаква нијанса. Многу едноставно и брзо се нанесува, така што вие само поминувате со раката од лево кон десно и нема потреба да се погледнете во огледало“ – изјавува Филипс.

 

Let’s Glow Girls!

Во оваа нова кампања на Dior Make-up, топ моделот Бела Хадид уште еднаш се најде на позната територија, бекстејџот на шоуата. Гледано низ блендата на Cass Bird, во една сосема нова бекстејџ ситуација, Бела, Кралицата на Сјајот и нејзината армија од пријателки се на подиум, каде што е очигледна нивната зависност од новите нијанси на Dior Lip Glow, проследено со уникатниот слоган “Let’s Glow Girls!”

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.