Dior Bronzе – дозволете и на кожата да ужива во најдоброто од сонцето!

0

Dior Bronzе ги унапреди и ги подобри своите производи за заштита од сонце, како и производите за нега на кожата после сончање. Тие влијаат на тој начин што го подобруваат изгледот на кожата ја штитат, давајќи сјај.

Новиот Dior Bronzе има кремаста млечна текстура, заштитен фактор 30 и кремасто масло за заштита на кожата со фактор 15. Освен што ја штити кожата, ја прави убава и мазна со нежен изглед.

Овие два нови производи за заштита и нега се нанесуваат лесно и рамномерно на сите зони на телото што имаат потреба од заштита.

Креирани како комбинација на UVA и UVB филтри и антиоксиданс, ја штитат кожата од фото стареење и штетните дејства на слободните радикали.

Двата прозводи се отпорни на вода. Одлични се и заради тоа што ја смируваат иритацијата на кожата после сончање.

Колекцијата Dior Bronze го претставува и новиот Monoi Balm. Овој производ е за после сончање, ја хидрира и смирува кожата и помага во задржување на исончаниот тен до еден месец после сончањето. Формулата содржи екстракт од Monoi кој на кожата и дава прекрасен мирис на полинезиски цветови.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.