Диетата на Опра – како таа успеа да ги намали килограмите

0

Опра Винфри е една од познатите дами која од секогаш имала проблем со вишокот на килограми, но никогаш немала проблем да зборува за тоа. Низ годините неколку пати успеа да ги намали килограмите, но секогаш се враќаше на првобитниот изглед.

Интересно е тоа што во нејзиниот не станува збор исклучиво само за храна, туку многу повеќе за поддршка од партнерот.

Во сè што правиме во животот е потребна поддршка за да се успее. Дали станува збор за изглед или каква и да било друга ситуација, тоа што дава сила и нè тера да гледаме напред е поддршката од блиските.

Во случајот на една од најмоќните жени на светот, станува збор за поддршката на нејзиниот партнер Стедман Греам и програмата на американското друштво за слабеење „Weight Watchers”, каде има програма за исхрана и физички вежби, а сето тоа проследено со редовни мерења.

опра

Таа преку најпознатата утринска програма во САД, “Добро утро Америка” директно ги сподели своите лични искуства. А сите знаеме дека кога Опра зборува, ние слушаме и веруваме во тоа. Бидејќи Опра знае најдобро. Тоа една навика која ја создаде нејзината верна публика низ годините гледајќи го “Шоуто на Опра”.

Инаку, нејзиниот партнер Стедман е член на „Weight Watchers” што е уште една олеснителна околност.

Нејзиниот совет е дека доколку и вие се мачите со колограмите и се обидувате да ги намалите, пробајте да го наговорите партнерот да ве следи во чекор и за брзо време ќе ги видите првите резултати.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.