Девојки кои пркосејќи им на сите предрасуди станале научници и инженери

0

Во доминантно машките занимања и студии во Африка младите жени ги обесхрабруваат да студираат уште пред завршување на средното училиште. Исчекорот е направен благодарение на Првата академија за наука на Гана за талентирани девојки, каде тие можат да изберат да студираат наука, технологија, инженерство и математика.

Оваа образовна институција беше отворена во август 2016 година, а минатата година, 150 девојки аплицираа за 24 места за новата академска година борејќи се со предрасудите од нивните средини.

Овие девојки се статистички ретки. Дури и во светот, а не пак во Африка, жените се уште се значително помалку застапени во науката, технологијата, инженерството и математиката, и во индустриите и на универзитетите.

На многу девојки им велат во школите да не избираат наука, бидејќи не се сигурни дека ќе го завршат и средното образование.

Во Гана, 21% од девојките се мажат пред 18-та година, а процентот во северниот дел од земјата е дури 39, вели последниот извештај на УНИЦЕФ за состојбата на децата во 2016 година.

Во продолжение ви ги донесуваме животните приказни на три млади и храбри девојки – пионери на Африканската академија за наука (АНА), кои отворено зборуваат како стигнале до она што го посакувале од деца.

Емануела

Таа има 18 години, родена е и израсната во главниот град на Гана, Акра, има талент за дизајн и сака компјутери.

Мајка и е трговец, продава стока на градските улици, а татко и е столар. „Во мојот град, нема многу луѓе кои би ве инспирирале“, вели Емануела. Мајка и сакала таа да стане медицинска сестра, но, татко и починал и никој не сакал да помогне девојчето да го заврши образованието. На 6 години морала да го прекине школувањето, оти родителите немала пари.

Поминувајќи многу време дома, таа почнала да чита и тоа било една од причините зошто почнала да се интересира како функционират работите. Бидејќи немале струја, домашните задачи ги пишувала на свеќа.

На 12 години, веќе почнала да прави самата мали електрични помагала низ дома. Нејзиниот учител по математика го забележал потенцијалот на Емануела и одбил да ја пушти да учи, бизнис, наместо наука, и оттогаш нејзниот талент почнал само да расте.

„Мојот учител ме тераше да одам на сите натпревари по математика, а исто и по физика. Сега гледам дека ме тераа да сфатам дека можам да успеам“ – вели Емануела.

На 17 години, нејзиниот советник во училиштето ја охрабрил да аплицира во АНА, иако нејзината мајка очекувала да почне да работи и да штеди пари за факултет. Но, Емануела се определила за науката. 

Џоана

Иако сега живее во доминантно англиски говорната држава Гана, Џоана зборува француски. Кога била мала, нејзиното семејство се преселило од француски говорното подрачје – државата Того. Неколку годни подоцна, нејзиниот татко имал мозочен удар и не можел повеќе да работи. Како последица на тоа, финансиската ситуација станала многу тешка. Мајка и позајмила пари, ја продала земјата, земала и помош – но, тоа не било доволно и морале да се вратат во Того.

Интелектот на Џоана се покажал уште во основното училиште. “Не ми се одеше надвор да играм, повеќе сакав да читам книги” вели таа. На 18 години, заедно со семејството, се вратиле во Гана, но, не можела да аплицира на факултет бидејќи слабо го познавала англискиот јазик.

Ги надминала јазичните бариери, брзо го научила и англискиот, и планирала да студира медицина. Последната година во средното училиште почнала да се премислува. „Професорката ми рече: бидејќи си одлична во математиката, инженерството ќе биде добро за тебе. Но, јас си помислив, зарем тоа не е машка работа?”, раскажува Џоана. На државниот натпревар по математика и наука таа ја сретнала д-р Елси Кауфман од Универзитетот на Гана. Таа била брилијантна инженерка и Џоана решила да биде како неа еден ден.

Штом слушнала за АНА, веднаш аплицирала и со тоа почнал патот кон остварување на нејзиниот сон.

Рамала

Рамала пораснала во Адис Абеба и одела во едно од најдобрите училишта во Етиопија. Била независно дете, секогаш се однесувала како возрасна и не сакала да оди надвор да игра. Повеќе сакала да си седи дома и да си прави свои работи.

Двајцата нејзини родители верувале во моќта на образованието и многу вложувале во своите деца. На училиште, Рамлах почнала да ги истражува нејзините академски вештини. „Бев добра во математика, но, не можев да седам долго време на едно место. Тогаш татко ми ми рече. Ќе ти најдам учители кои се ќе те научат многу брзо, но, само ако бидеш мирна на часовите“, вели таа. Кога слушнала за АНА, веднаш аплицирала, иако родителите сакале да остане во родната земја и да студира медицина.

Успехот на овие три девојки не е некаква магија. Потребна е упорност, истрајност и верба во себе. Патот до успехот е посеан со трње, но, со поддршка од родителите и ставот дека не битно да се омажиш на 18 и да имаш деца, туку приоритет е образованието и кариерата, Емануела, Џоана и Рамала го направија својот избор.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.