Деветтото издание на „Види музика, слушни слика, добиј книга“ во чест на Боуви

0

Во четврток (23 јуни) во Градски парк – Скопје ќе се одржи деветтото издание на мултимедијалниот настан „Види музика, слушни слика, добиј книга“, кое годинава ќе се одвива во чест на британската музичка легенда, Дејвид Боуви.

Оркестарот на Македонската филхармонија под диригентство на Емин Џијан, придружен од Женскиот хор при МКЦ, ќе изведе некои од нјголемите хитови на Боуви.

Своите сликарски вештини на платно ќе ги претстават уметниците Агрон Абдули и Ивана Младеновска.

За вистинските фанови на Боуви бесплатно ќе бидат поделени 20.000 бесплатни примероци од книгата „Психоделија во предградието“, објавена на почетокот од годинава од некогашната љубовница на Боуви, Мери Финиган, која раскажува за почетоците на кариерата на Боуви и неговиот приватен живот.

Организатори на овој настан се Македонската филхармонија и Младински културен центар.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот