9 потсетници кои секој среќно оженет човек сака да ги знаете и да ги запаметите

0

Секоја личност во брак се менува бидејќи заедницата неминовно влијае на луѓето. Некои луѓе стануваат поблиски и посреќни, додека други се оддалечуваат.

Учите како да постоите  заедно со друга личност, да се прифатите себеси со сите маани и доблести, но и да го прифатите и другиот. Учите како да го извлечете најдоброто од тоа што го имате денес, а не да мечтаете каков сакате да биде односот во иднина и како сакате да се промени партнерот само за вас.

Преговарате и учите што е вистински компромис . Откако ќе помине медената фаза, само сакате да бидете заедно, ја сакате удобноста и тешко ви се излегува понекогаш од неа. Тоа не е секогаш добро бидејќи за сè треба да се трудите до крај.

1.Бракот е константна работа

Никогаш не престанувајте да излегувате со сопругата. Одете на состаноци, учете за неа нови работи кои ги пропуштивте изминатиот период. Бидете добри кон неа, но и кој себе. Работете напорно за да бидете подобра личност, љубовник, шеф,  пријател, родител. Барајте ја вистината, не барајте начин секогаш да докажете дека сте во право.

2.Караниците не се секогаш вредни

Најголем дел од времето караниците не се вредни за маката и не носат ништо добро. Бирајте ги битките внимателно. Докажувањето дека сте во право ќе ве направи горд човек за момент, но ќе ја налути неа многу. Лош потег! Бидете попаметни.

3.Смејте се

Ако не се смеете ќе умрете. А ако можете, тогаш ќе поминете заедно низ најтешките времиња и ќе преживеете.

4.Како брачниот живот?

Одговорот на ова прашање наместо секогаш ист и досаден, може да биде нов и различен. Денеска е убав ден за брак, утре можеби ќе го мразите бракот- па што ако? И тоа е дел од животот.

5.Никогаш не се споредувајте со друг пар

Оваа постапка секогаш води до катастрофа. Никогаш не ја споредувајте финансиската состојба, куќата или станот, децата, сексуалниот живот, автомобилот и што уште не. Тоа е прв чекор кон љубомората, стравот и сите негативни емоции.

Живејте свој живот – тука е богатството! Извадете го најдоброто од двајцата и ќе ја најдете среќата.

6.Возбуда од излегување

Ви недостига возбудата од излегување и од други девојки, нови состаноци и слично? Погодете што – и недостига и на неа. Размислете два пати пред да направите некоја глупост. Една неважна вечер во кревет со друга жена може да ве чини  губење на доживотна среќа. Не вреди.

7.Секс

Кај некои парови сексот станува лош и досаден. Немојте да бидете и вие од тие парови. Направете г о секогаш различен, зачинете го и никогаш нема да биде досаден.

8.Трпението не е доблест, туку научено однесување

Тука не се мисли само на трпение кон партнерката, туку и кон самиот себе. Научете како да бидете трпеливи  и ќе станете подобра личност.

9.Вашата сопруга е секогаш број 1 во животот

Што и да правите, каде и да одите, таа секогаш мора да биде на прво место. Мора да биде пред родителите, пријателите, колегите и познаниците. Таа е вашиот животен партнер и кога ќе има потреба од вас, вие оставате сè во моментот и тука сте за неа. Очекувајте го истото и од неа.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.