9 мотивирачки реченици кои треба да му ги кажувате на вашето дете – Секој ден!

0

На сите им е познато дека децата се како сунѓер. Доволно е да кажете само еден погрешен збор и со недели да се обидувате да го искорените од речникот на вашето дете. Но, наместо да се фокусирате на работи кои не сакате вашето дете да ги запомни, фокусирајте се на она на што сакате да го научите вашето дете.

Постојат многу работи кои можеме да им ги кажеме на нашите деца, кои се позитивни, охрабрувачи и корисни за неговиот развој.

Што треба да му кажувате на вашето дете секој ден? Прочитајте ги следниве мотивирачки реченици…

Многу љубезно од тебе

Најдете макар една работа за која можете да кажете дека вашето дете е љубезно и истакнете ја. Кога децата слушаат дека се љубезни тоа дополнително ги поттикнува и мотивира уште повеќе да сакаат да бидат такви.

Благодарна сум што те имам

Често им кажуваме на децата дека ги сакаме, но искажувањето благодарност е чекор напред во покажување на љубовта. На тој начин им покажуваме дека сме среќни и благодарни што ги имаме покрај нас.

Те сакам и кога…

Детето лесно може да се почувствува повредено, посебно кога е во неволја. Секогаш потсетувајте го дека без разлика што и да направило или каква погрешна одлука и да донело, вие и понатаму ќе го сакате и дека тоа не влијае на вашата љубов.
Знаејќи колку го сакате вашето дете и колку е голема вашата љубов тоа во иднина ќе го направи вистинскиот чекор.

Она што ми го збориш прави да се чувствувам…

Оваа реченица е одлична за започнување на разговор, како и за искажување на позитивните и негативните чувства.
На пр. „Кога кажа дека ти се допадна вечерата, се почувствував среќна што ти подготвив нешто што ти се допаѓа.“ или „Кога ми рече да си одам, тоа предизвика негативни чувства кај мене. “
На овој начин ќе му помогнете на вашето дете да ги разбере ваште чувства и да биде свесно за своите.

Сакам кога…

Нормално дека е важно на вашето дете да му кажувате дека го сакате. Но, исто така е важно и да знае што сакате кај него.
Посветете внимание и истакнете ги квалитетите кои тоа ги поседува, а не само физичките особини.
На пр. „Сакам кога ме прегрнуваш, без јас да ти кажам да го направиш тоа.“, „Сакам кога си добар спрема сестра ти“, „Убаво ми е кога ми велиш дека сакаш да го поминеме времето заедно.“

Од голема помош си ми кога…

Кога е мало детето многу е полесно да засака да им помогне на родителите бидејќи тогаш и сака тоа да го прави. За да го поттикнете и понатаму да ви помага потребно е да ги истакнете корисните работи кои произлегуваат од неговиот труд. Постојат повеќе ситуации каде што ќе може да го пофалите неговиот труд…
На пример. Кога ги собира играчките, кога го мести креветот, кога ја става валканата облека на место предвидено за тоа и сл.

Горда сум…

Ставете му до знаење на детето дека сте горди на него и дека неговиот труд многу значи. Без разлика дали станува збор за мали нешта, големи работи или работи кои планирало да ги направи како и за оние за кои не било свесно дека ги прави, важно е да знае дека сте горди на него, на неговиот избор и добра работа.

Раскажи ми повеќе за тоа…

Дадете му до знаење на детето дека секогаш ви е важно она што тоа има да ви го каже. Прашувајте го што се случува во неговиот живот и разговарајте со него. Тоа ќе му помогне да научи да комуницира како со вас така и со другите.

ДА

Најдете бар една работа дневно за која ќе можете да кажете „да“! Читајте книга заедно, играјте игри, јадете слатки по вечерата…
Можноста почесто да кажувате „да“, создава позитивна атмосфера, а со самото тоа и многу поквалитетно заедничко време.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.