Детоксикација на организмот во пет чекори…

0

Чистењето на организмот не е комплицирано доколку се придржувате до едноставните насоки и правила. И наскоро ќе бидете полни со енергија.

Овошје – конзумирајте овошје колку што можете, во кој било облик: свежо, суво, смрзнато или во вид на сок. Овошјето ќе ви даде доволно енергија и виталност.

Вода – игра клучна улога за нашето здравје. Пијте осум до десет чаши чиста вода секој ден. Таа помага во елиминирање на токсините од организмот, го подобрува метаболизмот, расположението и изгледот на кожата.

mom-with-kids-kissing

Зеленчук – конзумирајте брокула, кељ, спанаќ, зелена салата, краставица, зелка, но и ротквици, домати, млад лук, кромид. Зеленчукот е богат со витамини и минерали, го зајакнува имунитетот, го чисти организмот од токсини и дава енергија, а содржи малку калории. Јадете го свеж, но можете да го конзумирате и динстан, варен или да си подготвите вкусни зелени сокови.

Интегрални житарки и мешунки – тие се одличен извор на антиоксиданси, витамини, минерали, протеини и растителни влакна. Во исхраната вклучете ги интегралниот ориз, лебот од интегрално брашно, кус-кус-пченичното брашно, интегрални тестенини, грав, грашок, леќа.

Лимон – тој е идеален прочистувач, познат детоксикатор кој помага во елиминирање на токсините од организмот. Започнете го денот со чаша млака вода во која сте додале сок од половина лимон. Веднаш ќе се чувствувате подобро, а по некое време ќе забележите дека имате повеќе енергија, а помалку килограми на себе.

lemon

План за исхрана

Користете ги сите горенаведени продукти, а можете и самите да си направите план на исхрана избегнувајќи ги “забранетите” продукти. Нашиот план за детоксикација оди по следниот редослед…

Штом ќе се разбудите наутро, испијте чаша млака вода со половина цеден лимон.

Појадок: исцедете свеж сок од кој било зеленчук што го имате дома.

14619985_10211181291750742_841007130_nУжина: свежо или суво овошје, оревести плодови (бадеми, лешници, индиски ореви). Свежо овошје може да јадете колку што сакате, но не претерувајте со сувото овошје бидејќи содржи повеќе калории.

Ручек: голема чинија салата, варени житарки или мешунки, варен зеленчук, сето тоа зачинето со ладно цедено маслиново масло.

Вечера: зелен кашест сок или една чаша млеко со интегрални бисквити.
При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар