Детето мора да знае зошто го носите на лекар

0

Подгответе ги децата и не покажувајте страв пред нив, најавете го одењето на доктор и објаснете им детално што ќе се случува таму, но не ги плашете.

Повеќето деца, но и возрасните, при самото споменување на лекар, чувствуваат страв и неудобност. Таквото чувство е последица на страв од претходно лошо искуство. Сепак, постојат начини на кои може да се пребоди стравот.

„Прво и најважно е да не го плашите детето пред да тргнете на лекар, затоа што тоа останува во нивната мисла како нешто лошо. Кај нив се создава погрешна перцепција дека прегледот е некој вид казна.

Затоа, од најрана возраст децата треба да се учат дека лекарот тој што им помага кога се болни да оздрават побрзо“ – објаснува Др. Мирјана Коларек, хрватски лекар. Таа додава дека тие треба да знаат дека кај лекар се оди и кога се здрави, на пример за мерење и други редовни прегледи.

Родителите никако не смеат да покажуваат страв кога одат на лекар со детето. Колку се тие поприродни и поопуштени, толку и детето ќе биде помалку напнато и исплашено.

Секоја посета на лекар, без разлика дали е заради болест или редовен преглед , треба да му биде кажана на детето со време. Најважно од сè е да не се лаже за тоа што ќе се случува во ординацијата.

Со поголем дел од децата може да се разговара и со малку труд да се надмине стравот од лекарот.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.