Дестинации за вашиот зимски одмор

0

Јануари поради неработните денови е одлично време за прошетки, откривање на нови дестинации и нови вкусови. Не мора патувањето да биде надвор од земјата за да си го стоплите срцето и да си ги наполните очите. Тоа може да биде и во земјава која има совршени места токму за вашиот зимски одмор…

Пониква
ponikva 1
Откријте ја Пониква , убавицата на Осоговијата… Богатството на букова шума, разновидна вегетација, дивеч и воздух каков што можете само да замислите. Незаборавни прошетки низ прекрасната недопрена природа. Два ски лифта, хотели, одмаралишта, викенд куќи, бунгалови, детско одморалиште ви стојат на распологање за вашиот јануарски викенд.

Вевчани
vevchani 1
Многумина го посетуваат ова место за Вевчанскиот карневал кој се случува за време на Василица, но во тој период, поради гужвите, речиси е невозможно да се ужива во недопрената природа. Вевчани е одличен избор за паровите кои сакаат да избегаат од стресното секојдневие… Звукот на рекичките, шармот на малите гостилници, гостопримливоста на Вевчанци ќе ве потсетат во колку убава земја живееме.

Баба Планина
pelister 1
Доколку одберете планински предел за вашето патување, ви ја препорачуваме Баба Планина над Битола. Ќе дишете со полни гради, притоа уживајќи во шушкањето на моликата. Има голем број на сместувачки објекти… Идеално за оживување на вашата врска, само вие двајцата и неколку шишиња вино покрај камин. Доколку сте авантуристички настроени, искачете се до Големото и Малото Езеро, познати како Пелистерски очи.

Берово
berovo
Во источниот дел на Република Македонија, на надморска височина од 670 до 1050 метри се наоѓа Малешевската котлина. Онаму каде што реката Брегалница навлегува во Малешевската висорамнина веднаш после клисурата од двете страни на реката е распространет градот Берово. Во овој малечок град, ќе имате чувство дека на светот постоите само вие…

Велешко езеро

велес брод 1 Можете да уживате во хотелот кој се наоѓа на самиот брег или доколку сте похрабри, да се сместите во бродот кој е лоциран во езерото. Првото утринско кафе ќе мириса на радост, за ручек одлични велешки специјалитети, за вечера пастрмајлии, колачи, шампањ…

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.