Дестинации кои морате да ги посетите пред да исчезнат

0

Нашата планета е дом на различни пејсажи и прекрасни човечки креации. Меѓутоа, поради температурните промени и поради подигнувањето на морскоти ниво, голем дел од овие прекрасни места нема да имаат прилика да ги видат наредните генерации.
Затоа, спакувајте ги вашите торби, земете го пасошот и посетете ги овие волшебни места.

Малдиви
Малдивите се простираат на два острови, кои се наоѓаат во Индискиот океан и во Арапското море. Како најниска земја во поглед на нивото на морето, постои реален ризик да бидат потопени за нешто повеќе од една деценија.

maldivi

Венеција, Италија
Градот Венеција е технички архиепилаг составен од преку 100 острови поврзани со канали и мостови. Историските основи на градот веќе некое време се под вода. Иако се обновува на годишно ниво, поради немање на доволно средства, нема уште долго да опстои на површината.

venecija

Ангкор Ват, Камбоџа
Ангкор Ват бил подигнат како хинду храм, и бил најголем религиски центар во светот. Денес овој поранешен храм е градба која е заштитена од УНИСКО. Нестабилниот терен полека го уништува ова место, и тој од година во година тоне во околината.

kambodja

Сејшели, Африка
Оваа прекрасна островска земја, позната како Сејшелски острови е на работ на потонување и поплава. Новите финансиски донации од пријателските земји помогнаа да се намалат шансите од уништување, но ако се земе во предвид ниската надморска висина, Сејшелите се осудени на колапс.

sejseli

Килиманџаро, Кенија
Глечерите на Килиманџаро се смалуваат и исчезнуваат. Се верува дека причина за тоа се температурните разлики, уништувањето на шумите, намалувањето на замјиштето кое е предизвикано од големииот број на посетители, сето тоа значи дека највисоката точка во Кенија можно е да исчезне.

kilimandzaro

Таџ Махал, Индија
Ова симетрично ремек дело, старо неколку векови, е гробница за безживотното тело на сопругата на Шахот, и можно е наскоро да биде забрането за јавност. Поради тежината и недостатокот на структурален интегритет на модерните згради, на Таџ Махал му прети колапс.

taz mahal

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.