10 забавни вистини: како се чувствува секоја жена по породувањето

0

Британката Беки Поуп која има свој блог под име „Mummy Mumbles”, напиша текст кој ќе им биде интересен на сите, особено на тазе породените мајки. Овде, таа на многу забавен начин ја прикажа вистината со која секојдневно се соочуваат жените после породувањето.

Погледнете ги овие неколку вистини кои таа ги наведе.

1.Болки по породувањето. Кој би рекол? Кога Бог ги создал жените да бидат тие кои ќе раѓаат, навистина не зезнал сите.

2.Првата голема нужда. Без паника! Не се породувате повторно! Иако е многу слично чувството. Потсетете се на големината на бебето кое излегло од вас и ќе помислите дека можете сè. Па и ова!

3.Вашето бебе изгледа чудно. Ама вистински чудно! Сите ви говорат како вашето бебе е слатко и убаво, а вие се што ќе видите е мало ќелаво, по малку виолетова боја, со набрана кожа на лицето. Навистина ли е ова убаво?

4.Првото туширање како сцена од хорор филм. Можеби мислите дека телото ви е чудно и засекогаш ќе се движите како Џон Вејн, верувајте после туширањето ќе се чувствувате многу подобро.

5.Сестрите во болница ги сакаат бебињата. Ќе го земат без предупредување! Тие почнуваат да го масираат бебето а вам ви се чини дека ќе ви го вратат ботоксирано и измазнето.

6.Бебето подждригнува. И ика. И испушта гасови. Испушта чудни звуци, а вам ви се гледа куклата Чарли (од филмот). Испушта гасови и вие не можете да сфатите како тоа толку мало суштество толку може да мириса. Без гајле, во друштво, сите секогаш ќе мислат дека гасовите доаѓаат од него. Дури и тоа ќе им се чини слатко.

7.Сè е налутено. Вашиот стомак е лут, очите ви се лути, вашата задница ви лути…Мозокот ви е лут. Единствено вашата вагина не е лута. Таа е бесна! Верувајте, не сте скарани сериозно. За некое време ќе си дојде на свое!

8.Луѓето прашуваат дали имате млеко, а вие очекувате да дојде некој низ врата да ви подаде неколку пакети. Со набабрени гради, се чудите како никогаш не сте носеле и по две лубеници во раце во исто време.

9.Никогаш во животот не сте изговориле толку пати „доење”. Доење, доење, доење. Нели се чувствувате како вистинска мајка?

10.Не се грижете! Не сте суперхерој. Вашето бебе е сосема нормално, а и вие. Со тек на времето сè ќе биде во ред и Вие ќе бидете најпрекрасната мајка на светот. Само опуштено. Можеш сè да направиш! Освен да спиеш. Тоа повеќе не можеш!

Извор: stil.kurir.rs

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар