10 трикови што секоја жена треба да ги знае

0
A723YR Hoover woman. Image shot 2007. Exact date unknown.

Да бидеш жена е тешко понекогаш, посебно кога мора да се воодушеви некој, а станот е во тотален хаос, ти си во слична состојба, облеката и останатите реквизити и детали исто така… Но, за се има решение, па така и за ова.

Еве кои работи потребно е секоја жена да ги знае за брза интервенција

1.Да отстраните флека од вино

wine-shirt-resized_2__1468532479_78.157.29.253

Да, точно така. Флека од црвено вино може да се отстрани со бело вино! Белото вино ја неутрализира бојата на црвеното од блузата, што дозволува флеката да биде отстранета многу лесно.

2.Цефките употребетe за ланчиња

18ix7ewwkxixdjpg

На овој начин никогаш повеќе нема да ви се заплеткаат . Заштедете си време и енергија во отплеткување кое создава дополнителна нервоза.

3.Пловки за пливање во чизмите

pool noodle boot__1468532415_78.157.29.253

Сигурно имате во домот пловки за пливање во цевчеста форма кои можете да ги употребите за чизми. Ставете ги внатре, за да бидат исправени чизмите и да се кршат. Плус. на тој начин зафаќаат помалку простор отколку во легната позиција.

4.Сода бикарбона за да го отстраните лошиот мирис од чевлите

30380_700x__1468532385_78.157.29.253

Употребете сода бикарбона ако имате проблем со ‘миризливи’ чевли, балетанки кои го носите на боса нога. Иако ви се чини невозможно, верувајте дека не е така. Сставете малку сода во проѕирни кесички, потоа ставете ги во чевлите и нека отстојат. Веднаш ќе го снема мирисот.

5.Исчистете ја четката на маскарата од грутки

mascara clean__1468532355_78.157.29.253

Ова можете да го направите со жешка вода. Ставете ја четката под млаз вода, ќе се исчисти убаво, оставете да се исуши и потоа ќе биде како нова.

6.Обесете ги чантите во плакарот со помош на куки за завеса за туширање

13735299_10210538115796983_407749038_n

Мали се, на зафќаат многу простор, а чантите ќе ви бидат на дофат постојано во уредена форма, наместо на подот расфрлани.

7.Означете го шишето за вода за да останете хидрирани секој ден

waterbottlemarkedwithtime5__1468532230_78.157.29.253

Убаво би било точно да знаете кога и колку вода треба да испиете, но и да се сетите на тоа. Вака напишано шишето ќе ве потсетува постојано.

8.Избелете ги забите со лушпа од банана

o-BANANA-PEEL-facebook__1468533122_92.53.30.252

Да, убаво прочитавте. Пред да ја фрлите лушпа од банана употребете ја. Ако го правите ова секој ден, во период од 5 недели забите видно ќе се избелат. Можеби трае подолго, но барем не ставате хемикалии на забите, туку тоа го правите на природен начин.

9.Користете празна кутија од Тик-Так бонбони за складирање на црните шноли

bobbypins2__1468532207_78.157.29.253

Така секогаш ќе знаете каде и ќе ви бидат при рака штом ви притребаат.

10.Организирајте ја колекцијата од шминки со помош на магнетна табла

slide_287409_2243019_free_2__1468532456_78.157.29.253

Оваа супер идеја ви дозволува да ги организриате шминките и да ви бидат лесно достапни. Никогаш повеќе нема да заглавите барајќи го моливот за очи или маскарата од несесерот.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.