10 Најдобри машки парфеми

0

Секој маж сака добро да мириса. Секоја жена посакува маж кој убаво мириса.

Затоа, изборот за парфем мора да се направи многу внимателно. Да се пронајде соодветен парфем, кој добро мириса, но исто така и добро прилега на вашата кожа. Ние одбравме за вас избор од 10 најдобри машки парфеми. Пронајдете го својот.

1. Givenchy Gentlemen Only

Лансиран во 2013 година, како модерна варијанта на Givenchy Gentlemen од 1974 година. Овој мирис, своевремено ја означи револуцијата на машки парфеми воведувајќи јака и интензивна дрвена нота, наместо традиционалните ароматични и цитрусни, дотогаш најзастапени.

Gentlemen Only е посветен на денешните мажи, креиран околу модерните дрвени ноти. Тој е композиција од зачинети акорди на зелена мандарина, розенкав бибер, листови од бреза и мускатно оревче. Базата на овој парфем ја чинат кедар, темјан и анималистички ноти.

2013-GENTLEMEN-ONLY_MODEL

2.  Trussardi Black Extreme

Trussardi Black Extreme е машки парфем престставен во 2014 година.

Тој е мажествен, продорен, елегантен и заводлив машки парфем. Се одликува со нота на италијански лимон и морска вода. Во срцевината на овој неодолив парфем се наоѓаат сливата и италијански ирис, додека основата е од дрвени ноти, ветивер и црна кожа.

trussardi_black_extreme06

3. Dsquared Wild

Дизајнерското дуо Dsquared го претстави овој сензационален машки парфем во 2014 година.Овој мирис симболизира слобода, брзина и гордост. Дрвено-земјените тонови се креирани од страна на Daphne Bugey и Annick Menardo. Композицијата содржи кантарион, чемпрес, хумус, акорд од смола, кои доведуваат со изненадувачки суптилен мирис.

Се чувствува земјеното, но сепак се е некако чисто.

download

 

4. Versace Eros

Овој парфем е инспириран и длабоко поврзан со грчката митологија. Целта на ова издание е да ги открие и несопирливите страсти, да ја нагласи желбата и сензуалноста. Името го добива по грчкиот Бог на љубовта и синот на Афродита- Ерос.

Совршено се вклопува во концепцијата на брендот Versace и совршено го отсликува стилот, дизајнот и квалитетот поради кој се здобива со голема почит и популарност. Содржи нота на мента, зелена јаболка и италијански лимоб. Основата е нота на ванила од Мадагаскар, кедар од Вирџинија, ветивер. Наменет е за мажествени, страствени, заводливи и атрактивни мажи.

5.  Ferre Aqua Azzura

Инспириран од магијата на островот Капри, во 2008 излегува новото издание од куќата Gianfranco Ferre. Мистеријата на овој остров служи како инспирација за креирање на овој парфем, кој е престставен како снажен, свеж и моќен.

Освојува со ноти на бергамот, прекриен со ароматична нота на лаванда, освежен од нежен нијанса на портокал. Во срцевината не очекуваат листови лубичица, заедно со елегантна нота на бела ружа и допир на ѓумбир.

67303M

6. Salvatore Ferragamo Acqua Essenziale Blu

 Парфем кој е инспириран од природни ароми на морска вода, снагата на бранот и природата. Во своите високи ноти се чувствува нежен мирис на цитрон, Калабриски бергамот и лимон. Во срцевината на композицијата се наоѓа Атлас кедар, фина ароматична лаванда. Доаѓа во елегантно шишенце од стакло кое се прелива од темни во светли нијанси на сина боја, оставајќи илузија на егзотична, морска вода.

acqua

7. Burberry Brit Rhythm Burberry

Овој парфем, доаѓа на пазарот во 2013 година, како машки мирис со модерна композиција. Основата на овој парфем е дрво, кожа и зелени ноти.

Високите ноти доаѓаат од свеж босилек, кардамон и смола, на изразениот и нагласен кедар и нежен темјан.

brit-rhythm-intense

8. Mercedes-Benz  VIP Club, колекција на луксузни парфеми за стилизирани и самоуверени мажи.

Достапен е во пет варијанти:

– Energetic Aromatic – освежителен микс од цитрон, грејпфрут и боровинки. Мажествена основа на килибар и сандалово дрво го дополнува сензуалното срце на и кедарот. Креиран од Annie Buzantian.

– Pure Woody – Главни ноти на јаболко, ѓумбир и зачини, како и мажествена нишка на сандалово дрво. Креиран од Harry Fremont.

– Black Leather – Живописен мирис, мешавина на цветови и зачини. Креиран од Honorine Blanc.

– Infinite Spicy – Силна мешавина на бибер, коријандер и други цветови што создаваат егзотичен мирис. Креиран од Olivier Cresp.

– Addictive Oriental – Свеж мирис кој започнува со лимон, нане, сандалово дрво и лаванда. Креиран од Alberto Morillas.

mercedes-benz-vip-club-feat

9. TH Bold Tommy Hilfiger

 Нов, машки мирис кој излезе во 2015 година, како силен, свеж и спортски парфем, наменет за модерни, страствени мажи. Овој парфем е посветен на мажи кои играат да победат.

Ароматичната нота на лаванда, помешана со цвет од мандарина, со јасмин и дрвени тонови, го прават овој парфем неодолив и забележлив. Нијансата на кедар и мажествени ноти на ветивер ја дополнуваат силината на овој парфем.

93264511

10.  Clinique Happy Clinique

 Неверојатно привлечен мирис, сензибилен и свеж со цитрусни и ароматични ноти на почетокот, со кои се хармонизира оригиналната нота на морскиот зрак. Прозрачно цвеќе кое се насетува во позадината ја најавува раскошната дрвена бука од кедар, чемпрес и мошус.

Наменет за среќни мажи. Затоа што, да се биде среќен денес е помодерно од богатство. Clinique Happy за првпат е претставен во 1999 година.

Clinique Happy Edt Perfume For Men 100ML

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.