Десерт: Браунис тирамису

0

Браунис тирамису е одличен спој на две превкусни рецепти.

Браунис кора

  • 200 гр брашно
  • 1 пециво
  • 1 прстофат сол
  • 60 гр какао во прав
  • 2 јајца
  • 120 мл масло
  • 150 гр шеќер
  • 2 кесички бурбон ванилин шеќер
  • 100 гр павлака
  • 100 мл млака вода
  • 2 лажици инстант голд кафе
  • Прелив 6-7 лажици мармалад од сливи со рум

Тирамису фил

  • 200 гр путер
  • 10 лажици шеќер во прав
  • 400 мл цеден десерт – павлака за торти
  • 200 гр темно чоколадо со 70% какао
  • 70 мл јако црно кафе
  • 3 лажици густин
  • 300 мл млеко
  • 4-5 лажици какао за прелевањеБраунис кора

Сите суви состојки ги мешаме, освен инстант кафето. Потоа ги додаваме течностите, освен млаката вода. Водата и кафето ги раствараме и ги додаваме кон смесата со постојано матење со жица за матење или со миксер на слаба јачина. Кафето се додава во тенок низ, за да се лади истовремено.

Ќе добиете течна смеса. На правоаголно тавче за печење со димензии 35 х 27 см., се премачкува тенок слој путер и се разлева смесата. Се пече на 180 степени, 20 мин. Потоа се исклучува рерната и се остава уште 5 мин. Се вади од рерна и се превртува кората, така што горната страна ќе дојде доле. Се остава да се олади. Изладената кора се премачкува со мармалад од сливи со арома на рум.

Тирамису фил

Се подготвува пудинг смеса, но малце погуста. Се загрева млеко и се додава растворен густин. Се меша додека да се згусне и се остава убаво да се излади. Путерот се мати со шеќер во прав, додека да се добие убава пена.

Кон смесата се додава павлака со висок процент на масленост или цеден десерт- павлака за торти. Одкако убаво ќе се спојат смесите се додава и стопеното чоколадо во тенок слој, со постојано матење. На крај се додава и јако црно кафе (2 лажици инстант велвет кафе во 70 мл вода). На крај лажица по лажица се додава изладениот пудинг. Смесата се премачкува врз браунис кора. Убаво се распределува и се посипува со просејано какао.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.