Деринкију – тајната во Турција

0

Турција е богата со историја и тајни кои треба да се откриваат. Една таква тајна е и Деринкију, подземниот град во Турција.

Се верува дека овој град бил населен од Фригијците помеѓу осмиот век пред новата ера и десетиот век од новата ера. Се претпоставува дека овде се криеле и раните Христијани кои биле прогонувани од римските власти.

41 (2)

Самит град е изграден како подземна мрежа која имала повеќе од десет катови и место за 50 000 жители, плус добиток. Градот, според археолозите, најверојатно бил изолиран со големи камени врати, и секој од посебните катови можел посебно да се изолира.

41 (4)

Во подземниот град се наоѓале и многу занаетчиски простории, како на пример, преси за вино и масло, визби, училишта, складишта и капели. Археолошјите истражувања откриле и интересна мрежа за вентилација и спроведување на вода.

Денес се откриени само 10% од градот кои се отворени за туристи.

41 (1)

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот