Денови на зелени работни места и еколошко образование

0

Климатските промени се причина за појавувањето на голем број „зелени професии”. Меѓутоа, какво образование и знаење е потребно за ваква професија? Дознајте повеќе на Green Employment & Education Days кои започнуваат со панел дискусија на 13 јуни во ЕУ Инфо Центар и продолжуваат со работилници и предавања на 14 и 15 јуни.

Гоу Грин трета година по ред ги организира „Деновите на зелени работни места и еколошко образование“, како дел од Европската Недела на Одржлива Енергија, со што им ги доближува академските и професионални можности на младите (средношколци и студенти) од областите на чистата енергија, односно обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност. Саемот ќе се фокусира на темите, зелена економија и зелени работни места, вештините, знаењата и способностите кои се потребни за да се придонесе кон развој на зелена економија, реалната понуда на еколошко образование и зелени работни места во Република Македонија и регионот итн.

Програмата на саемот ќе биде наменета за млади луѓе кои се заинтересирани за развивање вештини и знаење од областа на право, економија, архитектура, градежништво и инженерството.

За повеќе информации и деталната агенда посетете го настанот на следниот ЛИНК или контактирајте не на info@bidizelen.org

Локација:

Машински факултет/Економски Факултет

Рок за аплицирање:

8ми јуни

Аплицирајте на следниот ЛИНК.