Денови на светската книжевност

0

Националната и Универзитетска Библиотека „Св. Климент Охридски“ и Американското катче во Скопје, денеска во Центарот за конференции и студии во НУБ го организираат вториот настан од серијата „Денови на светската книжевност“ насловен „Американски класици: поттикнување на матакогницијата преку кратките раскази на Реј Бредбери“.

Имено Реј Бредбери  се вбројува меѓу класиците на амриканската научно-фантастична книжевност, а негови најпознати дела се култниот роман „Фаренхајт 451“ и „Марсовските хроники“.

Сите љубители на пишаниот збор кој ќе присуствуваат на овој настан ќе можат да ги разгледаат и да ги купат книгите од америкаснките писатели преведени на македонски јазик, објавени во рамките на капиталните издавачки прокети „Превод на дела од автори кои добиле Нобелова награда за литература и „Ѕвезди на светската книжевност“.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.