Денот на толеранција се одбележува и во Македонија

0

По повод Меѓународниот ден на Толеранцијата на ОН, кој се одбележува секој 16 ноември, денес во Кинотека на Македонија, со почеток во 13 часот, ќе биде одржана дебата на тема врсничко насилство (булинг) во училиштата.

Овој настан, веќе втора година е во организација на Inner Wheel Клуб Скопје Еуропеа, најголемото светска сервисна и хуманитарна организација. 

Со почеток во 13:00 часот во Кинотека на Македонија, ќе биде прикажан документарниот филм на тема булинг White Rage / Бел Бес, по сценарио, режија и продукција на Арто Халонен (Arto Halonen). Овој фински филм од 2015 година е добитник на повеќе светски награди, а ја истражува темата за врсничкото насилство на кое и самиот автор бил жртва.

По проекцијата на филмот, во периодот од 14:00 до 15:00 часот со свое излагање ќе можеме да ги слушнеме:

– Г-ѓа Мила Царовска – Министер за труд и социјална политика

– Г-дин Бенџамин Паркс – претставник на УНИЦЕФ Македонија

– Г-ѓа Марија Ралева – детски психолог

– Г-дин Кире Иванов – студент, кој јавно проговори за булингот кој тој го почувствувал на своја кожа.

Веднаш по излагањето на говорниците очекуваме да се развие дебата бидејќи на настанот ќе бидат присутни ученици од основните и средните училишта, кои се директно изложени на оваа појава како и студенти од повеќе факултети во Скопје.

Булингот е тема за која последниве години отворено се зборува но сепак е недоволно. Жртвите на овој вид на нетолееранција најчесто вината за нападите ја бараат кај себе и ретко бараат помош или за тоа отворено зборуваат. Најчесто се затвораат во себе, стануваат повлечени, несигурни и избегнуваат дружње. Затоа е многу важно гласно да се зборува на оваа тема, да се побара совет од стручни лица а вработените во образовниот процес треба навреме да ги детектираат овие појави.

Инаку, одбележувањето на Меѓународниот ден на Толеранцијата продолжува и утре, 16 ноември, во 12 часот со Тркалезна Маса на тема говор на омраза на која свое излагање ќе имаат:

–          Г-ѓа Chris Kirby  –  Претседателка на International Inner Wheel

–          Г-дин Никола Димитров – Министер за надворешни работи

–          Г-дин Мухамед Зекири – новинар и пратеник

–          Г-дин Сашо Ордановски – новинар

–          Г-ѓа Лина Ќостарова Унковска  – клинички психолог  и

–          Г-дин Никола Тупанчевски – професор по кривично право на Правниот факултет „Јустинијан први“ при УКИМ.

И двата настани се отворени за јавноста и секој може да присуствува на истите.