Денеска почнуваат Зимските олимписки игри – целиот свет во очекување на отворањето

0

Денеска почнуваат 23-те Зимски олимписки игри во Пјонгчанг, Јужна Кореја и ќе траат до 25 февруари. Превидени се 98 натпревари во 7 спортови.

Свеченото отворање е во 12 часот . Ќе се натпреваруваат 2952 олимпијци од 92 земји, а меѓу нив е Македонија со тројца претставници. Станува збор за Ставре Јада, Антонио Ристевски и Викторија Тодоровска.

Ставре Јада ќе се натпреварува во дисциплините спринт и 15 километри, Антонио Ристевски во алпско скијање, а Викторија Тодоровска во крос кантри на 10 километри.

Инаку, ако се навратиме малку наназад, првите ЗОИ биле одржани на 25 јануари 1925 година во Шамони. На почетокот, основачот на ЛОИ, баронот Пјер де Кубертен, се противел на оваа идеја. Заради таа причина, не можеле да бидат наречени Олимписки, туку морале да го носат името „Меѓународна недела на зимските спортови“. Правилото било државата организатор на ЛОИ да го одреди домаќинот на Неделата на спортовите.

Во 1925 година, Меѓународниот олимписки комитет одлучил ЗОИ да се одржуваат независно од Летните и тогаш започнува ерата на зимските натпреварувања. До 1992 година, и едните и другите се одржуваа во иста година, за подоцна МОК да реши да ги одвои. Во 1994 година, во Лилехамер се одржани ЗОИ, само две години подоцна од претходните.

Спортoви кои денес се застапени се алпско скијање со пет дисциплини(спуст, слалом, велеслалом, супер велеслалом и комбинација), биатлон, боб санкање, скијачко тркање, карлинг, уметничко лизгање, хокеј на мраз, нордиска комбинација, скијачки скокови, брзо лизгање, скијање на даска.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.