Денеска искористете ги советите и изгледајте како нив

0

Жените од светот на шоу бизнисот се тие кои најмногу се придржуваат до модните заповеди  и трендови. Но како секоја зрела личност со дефиниран стил, тие имаат свои правила до кои се придржуваат.  Денеска, ако имате потреба од моден совет, применете некое од овие правила и ќе ја почувствувате разликата во стилот.

Марша Грос

Некои луѓе мислат дека користењето на пудрата ги може да ги направи постари, но пробајте да ставите во секој случај. За мене, тоа е производ кој го матира моето лице, ја одржува шминката и го изедначува тенот.

Кетрин Зета – Џоунс

Жената не треба да носи нешто што може да го изгуби – Зошто да го држите накитот во сеф тогап? Ставете го на себе и уживајте!

Гвинет Палтроу

Темниот корен на косата делува како да сте го пропуштиле закажаниот термин на фризер. Сепак, тоа може да изгледа кул под услов разликата помеѓу коренот и краевите да биде нијансирана.

Никол Ричи

Исенчајте го дело под трепките, но не со црна боја. Пробајте со темно сива, кафена или можеби зелена.

Викторија Бекам

Мазна, рамна и испеглана коса е тренд кој трае со години наназад, но сепак разбушавените фризури кои често можеме да ги видиме на ревиите на Кристијан Диор изгледаат неверојатно добро. Со густ чешел тапирајте ја косата од коренот нагоре и на тој начин ќе го постигнете посакуваниот ретро изглед од 60-те години,

Клаудија Шифер

Ставете тенок појас над вечерното сако. Носете ремен секаде, освен на вашите панталони.

Мараја Кери

Сменете ја лошата репутација  на хоризонталните линии и слободно носете блузи и маици со тој дезен. Топ тесна маица со овој дезен, хеланки и високи потпетици ќе ја истакне вашата фигура и облините, а таквата комбинација секогаш е класична и кул.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот