Денеска е Светски ден за борба против карциномот

0

Денеска во Македонија се одбележува Светски ден за борба против карциномот под слоганот „Ние можеме, јас можам“.

Оваа година кампањата ги повикува сите надлежни институции да се вклучат со цел да се информираат граѓаните и да се намалат последиците од појава на карцином.

Овој повик е со цел да се зголеми свеста кај граѓаните и да се обезбеди пристап до здравствените услуги, повик за здрава животна средина, како и решавање на стереотипни прашања повразни со карциномот.

Една од областите во кампањата за 2016 година е обезбедување на пристап до здравствените услуги, а клучна улога во борбата против карциномот претставуваат превентивните здравствени услуги.

Во Македонија во просек годишно од карцином на дојка умираат околу 280 жени, а од карцином на грло на матка умираат околу 30 жени, и покрај тоа што двата вида на карцином можат навремено да се откријат и излекуваат.
Здружението за борба против рак „Борка-за секој нов ден“ од Скопје по повод Светскиот ден за борба против карциономот ќе промовира веб-кампања со информации за методите на превенција од рак како потенцијално излечива болест и печатење на лифлети со базични информации за граѓаните, споделување на информации од јавен карактер за превенција, намалување на ризикот и третман на оваа болест преку веб порталот на Здружението и веб апликациите на Фејсбук, Твитер и слично.
Лифлетите ќе ги делат волонтери во Скопје и градовите низ Македонија каде што Здружението има подружници.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.