Денеска е Светски ден на театарот

0

Од 1962 година театарските уметници ширум светот го прославуваат Светскиот ден на театарот кој секоја година се одбележува на 27 март.

Овој ден е прослава за сите оние кои знаат и можат да ја видат важноста на театарот како институција. Но исто така, целта е да се сврти вниманието на владите, политичарите и институциите во светот, кои треба да ја препознаат вредноста.

Во насока на ова, денеска пред почетокот на сите претстави низ светот се читаат пораки напишани од светски актери, драмски автори, продуценти и режисери.

Интернационалната порака се преведува на повеќе од 20 јазици и им се чита на гледачите пред претставите во театрите низ светот.

Инаку, автор на првата меѓународна порака во 1962 година бил францускиот писател, сликар и режисер Жан Кокто.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.