Денеска е Светски ден на прегратките, гушнете некого

0

Дали денеска прегрнавте некого? Направете го тоа веднаш за да го прославите Светскиот ден на прегратките.

21 јануари е утврден како Ден на прегратките уште во 1986 година, а идејата ја предложил Кевин Заборни од Мичиген,САД. Иако на почетокот бил застапен само во Америка, со текот на времето се проширил низ светот. Целта на овој ден е да се охрабрат, мотивираат, а воедно и потсетат луѓето да ги прегнуваат членовите на семејството, пријателите и општо луѓето кои ги сакаат што почесто.

Зошто 21 јануари?

Причината за тоа е што се наоѓа во период кога луѓето се емотивно испразнети и стагнираат со гушкањето бидејќи тоа го прават за Божиќ и Нова Година, а кога ќе завршат овие празници, следниот празник кој инспирира гушкање е 14 февруари, односно Свети Валентин.

Идејата на Кевин била прифатена и денес на светско ниво, луѓето го означуваат овој празник.

Интересно е тоа што прегрнувањето има и здравствени придобивки. Психолозитге велат дека неколку прегратки во текот на денот влијаат на позитивниот став на животот, а со тоа и на негово продолжување, помагаат и во намалување на крвниот притисок.

Едно истражување покажало дека прегрнувањето помага во надминување на стравовите и ниската самодоверба кои се јавуваат кај луѓето. Студијата објавена во Psychological Science покажа дека дури и гушкањето на објекти како мече и слични реквизити кои еден човек ги чувствува за блиски, може да помогне да се намалат одредени стравови.

Повозрасните личности над 50 години имаат можеби и најголем бенефит од прегратките. Допирот во оваа доба од животот има навистина лековито дејство. Причината за тоа е што со возраста луѓето стануваат многу пофрагилни и емотивно и физички. Посебно позитивно влијание има во борбата со осаменоста, бидејќи само со една прегратка се намалува чувството на емотивна болка и осаменост.

Намалувањето на стресот е уште една придобивка на листата, а тука нема ограничување со возраст, посебно во денешно време кога стресот кај младите е се почеста појава.

За крај, прочитајте неколку инспиративни квоти за прегрнувањето и не заборавајте да гушнете некого денеска…

„Прегрнувањето е како бумеранг, го добиваш веднаш назад“.

„Добрата работа кога имаш повеќе деца е што секогаш има барем едно кое ќе те прегрне и ќе ти каже  ‘Те сакам’ .“

„Како што старееш така се повеќе копнееш по искрена прегратка “.

„Прегратките и бакнежите се како ѕвезди кои го осветлуваат животот штом стане многу мрачен“.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот