Денеска е Спасовден

0

Православните христијани денеска го прославуваат Вознесението Христово – Спасовден, празник кој се одбележува 40 дена по Велигден и секогаш е во четврток.

Според христијанското учење четириесетиот ден после Христовото воскресение, Христос им се јавил на неговите ученици, и им заповеда да одат по целиот свет, проповедајќи го Светото Евангелие на сите луѓе.

За овој празник се врзани многу верувања и суеверија, кои во некои краишта сè уште се почитуваат. За Спасовден се колеле јагниња, а старите верувале дека од Нова година до Спасовден не треба да се пие млеко. Се верувало дека на Спасовден мажите не треба да се бричат, жените и децата не треба да се бањаат. На Спасовден никако не треба да се спие преку ден, за да не се дреме цела година.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот