Денес започнува Струмичкиот карневал

0

Со детскиот маскенбал, денес ќе биде отворен карневалот во Струмица. Посетителите ќе можат осум денови да уживаат во различните маски, и во разновидната програма која е подготвена за нив.

Денес ќе бидат доделени наградите за најдобри литературни творби на тема карневал, а вечер ќе се одржи традиционалниот „Концерт под Маски”, во организација на основното училиште „Боро Џони”. Во петок е маскенбалот, на кој ќе се изберат принц и принцеза кои во сабота ќе ја предводат карневалската поворка, на која се очекува да има до 2.500 карневалисти, од кои најмалку 500 ќе бидат од странство.

Претседателот на организацискиот одбор на Струмичкиот карневал, Александар Цицимов, изјави дека годинава се направени неколку промени. Па така некои категории на маски се укинати, а некои додадени. Исто така, годинава нема да има долго претставување за да се зачува динамиката, а карневалот ќе се движи по познатата траса која годинава ќе биде уште поквалитетно озвучена и осветлена.

Во понеделник кој е познат како „Чист понеделник”, традиционално ќе се вари бел грав градскиот плоштад. Во вторник ќе се одржи карневалското корзо, каде учесниците ќе парадираат со своите маски до Домот на културата каде ќе бидат прогласени најдобрите. Во среда е затворањето на карневалот, со тримерската трпеза и концерт на ансамблот „Тринмери”.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот