Денес се слават Младенци

0

40-те маченици од Севастија биле римски војници и големи верници. Во времето на Ликиниј, тие биле изведени пред суд пред војводата, кој им се заканил дека ќе им ја одзеде војничката чест, на што еден од нив, Свети Кандид му одговорил дека ним не им е ништо помило и почесно од нивниот Бог Христос.

Потоа војводата издал наредба овие светци да бидат каменувани, но кога толпата почнала да фрла со камења по нив, камењата се одбивале и се враќале. Еден од камењата му ги скршил забите на војводата.

Потоа тие биле фрлени во водата во тамошното езеро, а покрај езерото згреале топла бања за да ги намамат и да се откажат од Христа и да ги признаат Римските идоли. И тоа им успеало кај еден од нив. Но штом паднала ноќта, силна светлина од небото ја осветлило водата каде што биле светците, ја загреало водата а од небото се спуштиле 39 венци на нивните глави. Ова го забележал еден од чуварите и веднаш ја соблекол својата униформа, се исповедал, влегол во водата и го добил 40 венец, венец на предавникот.

Утре дента, судиите наредиле тие да бидат претепани и фрлени во водата за да не можат христијаните да им ги земат телата. Третиот ден тие му се јавиле на тамошниот епископ Петар, и го замолиле да дојде и да им го собере моштите од водата. Кога пристигна Петар, тој можел да види како од водата светат коските на Светите маченици, и секоја од нив посебно испливувала на површината.

Тие биле чесно погребани во 320 година.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот