Денес е светски ден на пантомимата

0

Денес е светскиот ден на пантомимата. Светската организација на пантомимичари денес ќе го одбележи овој ден со интернационален уредувачки маратон и пишување статии на Википедија.

Во многу земји овој маратон ќе се одржи на денот на раѓањето на големиот пантомимичар Марсел Марсоа.

Англиската, бугарската, македонската, ерменската, грузиската, хебрејската, хинду, шведската и српската Википедија се само некои од верзиите на најголемата онлајн енциклопедија, кои ќе бидат збогатени со статии за познати пантомимичари, претстави, фестивали, здруженија.

Светскиот ден на пантомимата го одбележуваат многу земји, меѓу кои е и нашата а иницијативата за оваа прослава потекнува од Србија, од Марко Стојановиќ, на кого пред неколку години во идеаата за прослава на овој ден му се придружиле и Офер Блум од Израел и Жан Бернар Лаклот од Франција.

 

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот