Денес е календарски почеток на зимата

0

Денес, 21 декември во 17 часот и 28 минути е календарскиот почеток на зимата на северната хемисфера на Земјата, додека на јужната почнува летото.

На почетокот на зимата денот е најкраток, а ноќта најдолга.

Сонцето во Скопје ќе изгрее во 6 часот и 57 минути, а ќе зајде во 16 часот и 5 минути и денот ќе трае точно 9 часа и 8 минути.

За оваа зима се предвидени просечни температури, односно нема да биде ни премногу ладно, ни премногу топло, со тоа што во одреден краток период температурите ќе бидат доволно ниски за да очекуваме снег.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.