Ден на водата – изберете Изворска

0

На иницијатива на Меѓународната асоцијација на вода и УНЕСКО во1993 година, во многу земји во светот 22 Март е прогласен за Ден на водата. Без водата нема живот и за да ве потсетиме колку многу таа е важна за нас, ви откриваме неколку важни факти:

Човекот без вода може да издржи пет до седум дена. За споредба, без јадење можеме да живееме околу шест недели. Од големо значење за нашиот организам е да пиеме чиста и питка вода, полнета во недопрена природа, како што е Изворска.

Иако територијата на планетата Земја е 70% покриена со вода, од таа вода може да се пие само еден процент.

Истражувањата покажале дека топлата вода може побргу да се замрзне отколку студената. Но, не постои прецизен одговор зошто е тоа така. Можно е разликата да е во тоа дека топлата вода повторно се лади, испарува, формира мраз или пак причината е во разредените гасови на топлата и ладната вода.

Сите животни и растенија се состојат од вода: риби од 75% вода, медузи од 99%, компирот од 76%, доматот од 90%, краставиците од 95%, телото на штотуку роденото бебе од 75%, а 67% вода во телото на возрасниот човек.

Водата е одлична за витка линија: ако ги избегнуваме засладените пијалоци и наместо нив пиеме вода, во една година ќе изгубиме дури 3 килограми без каква било диета. Затоа, заборавете на броење калории и напијте се Изворска!

Ако не пиете доволно вода, вашиот организам тело ја црпи од кожата која брзо старее – затоа редновно пијте вода! Докторите препорачуваат пиење на барем осум чаши вода на ден.

Секогаш кога избирате вода, вие избирате баланс за вашиот организам, здравје за вашето тело и насмевка на вашето лице. Затоа, изберете Изворска!

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот