Демократијата не функционира бидејќи луѓето се преглупави за да изберат вистински лидер?

0

Според Daily Mail, демократијата во светот многу тешко може да профункционира бидејќи луѓето многу тешко може да забелажат вистински квалитетен лидер. Истажувањето кое е направено на оваа тема би било совршено за ликови како Хитлер и Сталин, но поразувачки за оние кои навистина би се залагале за општо добро на целата нација.

Научниците заклучиле дека несреќниот недостаток на демократија во светот се сведува на мнозинството “глупави“ гласачи кои не можат да препознаат добар лидер.

Според теоријата, демократскиот процес се сведува на претпоставка дека мнозинството граѓани ќе успее да го препознае најдобриот политички кандидат или најдобрата политичка идеја.

Истражувањето под водство на професорот Дејвид Дунинг, психолог на Универзитетот Корнел покажува дека некомпетентни луѓе се неспособни да ја проценат компетенцијата на другите луѓе или квалитетот на нивните идеи.

На пример, ако им недостига искуство во правењето на реформи, многу тешко би можеле да препознаат кој кандидат би бил најдобар во тоа. Мозокот едноставно, ја запира перцепцијата до делот кој им е познат.

Како резултат на тоа, количината на информации или факти за политичките кандидати може да ја засили неможноста на големиот број бирачи да процени точно.

Паметните идеи би биле тешко прифатливи бидејќи поголемиот број луѓе не може да препознае колку добра идеја е тоа всушност.

Професорот Дунинг демонстрирал како луѓето сами себе се залажуваат кога се работи за нивните интелектуални способности. Без разлика на тоа дали истражувањата се однесувале на вештина на оценување на вицови, граматички исправности или учество во друштвени игри, професорот заклучил дека луѓето секогаш сметаат дека се во право, нивното знаење е најголемо, па дури и кога грешат.

“Ако не знаете доволно за едно подрачје, тогаш не сте ни во позиција да процените свои или пак туѓи пропусти“ –вели професорот. Изненадувачки е дека луѓето многу побрзо ќе проценат кој е најлошиот кандидат наместо најдобриот.

Извор: http://www.family.rs/

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот